Услови за користење

Услови за користење

Добредојдовте во интернет продавницата shop.pharmagen.mk! Пред да почнете со користење на нашата интернет продавница Ве молиме внимателно да ги прочитате Условите за користење, како и Политиката за приватност и Политиката за испорака! Секое Ваше користење на интернет продавницата shop.pharmagen.mk и купувањето на производи значат дека се согласувате и се обврзувате кон истите!

Pharmagen увоз-извоз дооел Скопје како креатор и сопственик на интернет продавницата shop.pharmagen.mk Ви дава право да ги разгледувате сите производи кои се публикувани во неа само за лична употреба, со нетрговска цел, под услов дека ги почитувате сите авторски права и соодветните ознаки. Не се дозволува материјалите на интернет продавницата да се променуваат на некаков начин, ниту да бидат копирани, јавно распространувани или разделувани за каква и да било општествена или трговска цел. Забранета е и нивна публикација на други веб страни, освен со претходно обезбедена писмена дозвола од страна на shop.pharmagen.mk. Производите на оваа интернет продавница се под заштита на Законот за авторско право и други права и секоја недозволена употреба може да биде нарушување на авторското право, права врз трговски марки и други законски одредби.

 

Општи услови

  1. Pharmagen може да промени или повлече било кој дел од интернет продавницата shop.pharmagen.mk, или може да одбие пристап во било кое време, доколку смета дека е тоа неопходно.
  2. Pharmagen исто така може да го раскине овој договор и веднаш да прекине, одложи или да забрани пристап до интернет продавницата shop.pharmagen.mk  во случај на било какво непочитување на овие Услови за користење.
  3. Pharmagen делува во свое име и за своја сметка, а не во Ваше или име на трети лица.
  4. Доколку shop.pharmagen.mk не применува било кој услов од овој договор, тоа нема да значи дека истиот постојано нема да се применува.
  5. Во случај било кој дел од овие Услови за користење да се покаже како неприменлив, тој дел колку што е можно ќе се толкува на начин да ги одразува намерите на договорните страни, а останатите делови ќе се применуваат во целост.
  6. Овие услови за користење го сочинуваат целиот договор помеѓу Вас и shop.pharmagen.mk  и истите може да се променат само во писмена форма. Истите исклучуваат секакви други услови или околности.
  7. Користењето на shop.pharmagen.mk и овие Услови за користење се под надлежност на судовите на Република Македонија и македонското законодавство.

 

Pharmagen © 2019. UKION SHOPS